Ахмети: Не се брзаме - мора да се реши со обвинетите во Монструм, Сопот и Диво Насеље

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, размениле мислења за политичката ситуација во земјата по изборите на 11 декември.

Ахмети нагласил дека за ДУИ, стабилноста на земјата е многу важна наспроти локалните, регионалните но и глобалните предизвици.Тој се осврнал на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, истакнувајќи дека партиски приоритети се заокружување на Охридскиот Договор, владеење на правото, добрососедски односи, економски развој и евроатланска интеграција.

„И покрај постојаниот медиумски притисок, ДУИ не се должи на емоциите и преференциите, но рационално и фокусирани на заложбите пред граѓаните, а не служејќи како сервис на било која партија или службеници на другата партија.

Ахмети нагласи дека овој медиумски ирационален и преференцијален притисок се обидува да создаде непостоечки теми за органите на партијата за наводно поделби помеѓу различните крила и ова се прави со цел да се ослабне ДУИ.

Одлуката на ДУИ треба да создаде стабилност, безбедност, издржливост како и да биде во партнерство со меѓународната заедница бидејќи имаме заеднички интереси и цели, интеграција на земјата во НАТО и ЕУ“, соопшти ДУИ.

Ахмети му рекол на амбасадорот дека ДУИ не се брза, но сака да биде сигурна дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со разгледувањето и расветлување на оспорените случаи како Монструм, Сопот, Куманово, и прислушувањата.

„За ова, во ДУИ има многу отворена дебата, аргументирана и конструктивна, вклучувајќи ги и претставниците на граѓанското и академско општество“, се наведува во соопштението. 

 

 

 

13.02.2017 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега