Вчера во Скопје „Пајакот“ кренал 71 возило

Едно лице е тешко повредено, а едно се здобило со полесни телесни повреди во две од четирите регистрирани сообраќајни несреќи вчера во Скопје. Во две сообраќајки е причинета материјална штета. Со специјалното возило „пајак“ се отстранети 71 возило, информираат од сообраќајната полиција.

Санкционирани се седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло на семафор, двајца не ги почитувале правилата за престигнување, 16 биле без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и девет возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 35 непрописно паркирани возила.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош

 

 

 

14.02.2017 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега