Четири лица заработија кривични пријави поради производство и продажба на дрога

 

Едно лице од Гостивар и три од Охрид добија кривични пријави поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.  На 10.02.2017 година околу 22.30 часот на ул. ,,Тоде  Богданоски“ во Гостивар полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот при што била пронајдена најлонска кесичка со непозната зелена растителна материја . Исто така, извршен е претрес во домот и помошните простории, сопственост на Б.А., татко на пријавениот, во село Балиндол каде биле пронајдени најлонски кесички со непозната зелена тревкаста материја и кеси со остатоци  од непозната растителна материја. По извршено вештачење било утврдено дека се работи за 104,44 грама  наркотична дрога  “марихуана“, додека прашкастата материја со  вкупна нето маса од 0,42 грама преставува опојна дрога “кокаин“. Пријавениот е лишен од слобода и на истиот изречена му е мерка притвор во времетраење од 48 часа.

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д..Д. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 04.10.2016 година околу 21.50 часот од страна на полициски службеници на ул. ,,М.Нестороски” затекнато е такси возило ,,Мерцедес” со охридски регистарски ознаки во кое сопатник бил пријавениот. Притоа, кај истиот била пронајдена 42,01 грама марихуана и 0,32 грама марихуана помешана со тутун.

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (24) и Д.А. (26), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”. На 01.08.2016 година околу 22.50 часот од страна на полициски службеници било затекнато ПМВ „Форд Фокус“ со струшки регистарски ознаки во кое биле пријавените заедно со уште едно лице од Струга. Полициските службеници извршиле преглед врз лицата и во возилото и притоа кај првопријавениот пронајдена е кесичка со нето маса од 1,26 грама марихуана и на парче хартија мешавина од марихуана и тутун со нето маса од 0,85 грама, додека кај второпријавениот пронајдена е една кутија од цигари во која имало една рачно изработена цигара со нето маса од 0,47 грама која што претставува мешавина од тутун и марихуана.

 

 

 

 

 

14.02.2017 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега