Кривични пријави за двајца охриѓани поради производство и продажба на дрога
Секторот за внатрешни работи во Охрид поднесе кривична пријава против К.М 24- годишен и Д.А 26- годишен, двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”.
На 01.08.2016 година околу 22 и 50 часот од страна на полициски службеници било затекнато моторно возило „Форд Фокус“ со струшки регистарски ознаки во кое биле пријавените заедно со уште едно лице од Струга.
Полициските службеници извршиле преглед врз лицата и во возилото и притоа кај првопријавениот пронајдена е кесичка со нето маса од 1,26 грама марихуана и на парче хартија мешавина од марихуана и тутун со нето маса од 0,85 грама, додека кај второпријавениот пронајдена е една кутија од цигари во која имало една рачно изработена цигара со нето маса од 0,47 грама која што претставува мешавина од тутун и марихуана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа