Ахмети ги претстави петте плана за излез од кризата

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, со која разговараше за политичката ситуација во земјата и билатералните односи помеѓу Скопје и Анкара.

Лидерот Ахмети ѝ честита на амбасадорката Тулин Еркал Кара за новата задача посакувајќи ѝ здравје и успех во нејзината работа.

Тој ги презентира петте можни опции на ДУИ за излез од политичката криза нагласувајќи го нивниот внимателен пристап во решавањето на овој ќорсокак поради големата чувствителност на ситуацијата во земјата, но и во регионот.

- ДУИ ја има предвид важноста од нашата одлука и затоа суштински и широко ја испитува секоја веројатност, предностите и последиците што може да ги донесе нашата определба - рекол Ахмети.

Тој ги осудил неуспешните обиди за државен удар во Турција велејќи дека преземањето на власта со сила е неприфатливо и, исто така, ги осудил терористичките напади во Турција покажувајќи солидарност со турскиот народ и сочувство до жртвите.

Соговорниците разговарале и за други прашања од заеднички интерес и се согласиле да продолжат со конструктивен дијалог. 

 

 

 

14.02.2017 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега