Драма во скопска обложувалница во Скопје
Непознат маскиран сторител вчера извршил разбојништво во спортска обложувалница во Скопје, лоцирана на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Рифат Бурџевиќ“.
Како што соопшти МВР, крадецот со закана со пиштол од вработената одзел пари од дневниот промет и побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
14.02.2017 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа