Албанската Топ Ченел открива што му испрати Заев на Ахмети - целосно прифатена двојзаичноста

СДСМ подготвиле документ на 72 страници со кои целосно ја прифатиле платформата на албанските партии и детално предложиле нов закон за употреба на јазиците во Македонија, пишува албанската Топ Ченел повикувајќи се на извори од Бихаќка.
„Заев ги прифати условите на албанските партии и презентираше детален закон за воведување на двојазичност во Македонија.
Некои извори велат дека документот кој му беше пратен на Ахмети ќе биде ставен на маса во консултациите на ДУИ со Алијансата на Албанците и Беса денеска.
Воведувањето на Албанскиот како втор официјален јазик беше еден од условите поради кој пропаднаа преговорите со партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ“ – стои во текстот на албанскиот медиум.

 

 

 

14.02.2017 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега