Заврши средбата на Алијансата и ДУИ за документот на Заев

По два часа разговори, заврши средбата на потпретседателите на ДУИ и Алијансата за Албанците. Од двете страни не сакаа да дадат никакви инфромации дали навистина се разговарало за документот на Заев, единствено кажаа дека разговарале за платформата.

– Имавме средба на работните групи во духот на платформата. Исто така, можам да кажам дека имавме конструктивна средба, разговаравме за точките за кои мислевме дека се многу битни, рече Теута Арифи од ДУИ.

И Арбен Таравари од Алијансата за Албанците потврди дека имале конструктивна средба.

– За нас е битно да се реализираат сите точки од платформата, без разлика кој ќе ја предводи таа Влада, рече Таравари.

 

 

 

14.02.2017 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега