Почнува судењето на кумановчанецот кој намерно прегази 4-годишно дете

 

На обвинителната клупа денеска седнува 30-годишниот Бобан Илиќ од Куманово, кој е осомничен за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу што се случи на 25 јуни минатата година.

Во Основниот Суд во КУманово, како што пренесува Телеграф, на Бобан му се заканува доживотен затвор за убиството на детето и родителите, по банална расправија во амбуланта.

Бобан Илиќ со „мерцедес Ц200“, во кој биле и неговиот брат Б.И. (23) и лицето Т.Д., во близина на Здравствениот дом - Куманово, со предниот десен дел од возилото намерно удри во семејството Алиу. Детето, кое со тешки телесни повреди беше префрлено на Детска хирургија во Скопје, по неколку дена им подлегна на повредите.

 

 

 

15.02.2017 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега