Дневник: Крилото од ДУИ за коалиција со СДСМ отстапи од двојазичноста

Предлогот за Албанскиот јазик е камен за сопнување на масата за преговори меѓу СДСМ и ДУИ. Како што пишува Дневник, додека СДСМ е оптимист дека испратениот документ до ДУИ гарантира брзо собирање потписи за Влада, од Мала Речица се воздржани, особено поради понудата за Албанскиот јазик.

Висок функционер на ДУИ тврди дека од СДСМ не го добиле тоа што го побарале, односно дека немало официјализирање на албанскиот јазик на цела територија. Барањето на ДУИ е постигнување целосна јазична еднаквост, употреба на Албанскиот јазик на сите нивоа,и негова примена како фундаментално и уставно право. Уставот треба да утврди дека Македонскио јазик и кирилското писмо и Албанскиот јазик, се официјални во РМ.

Дневник неофицијално крилото блиско до СДСМ треба да го убеди Али Ахмети и групата поблиска до ВМРО-ДПМНЕ, да прифатат унапредување на Албанскиот јазик.

 

 

 

 

15.02.2017 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега