Почна судењето за убиството на 4-годишниот Алмир од Куманово

 

Во кумановскиот Суд денеска започна судскиот процес за убиството на малиот Алмир Алиу од Куманово. 

На обвинителната клупа денеска седнува 30-годишниот Бобан Илиќ од Куманово, кој е осомничен за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу што се случи на 25 јуни минатата година.

Бобан Илиќ со „мерцедес Ц200“, во кој биле и неговиот брат Б.И. (23) и лицето Т.Д., во близина на Здравствениот дом - Куманово, со предниот десен дел од возилото намерно удри во семејството Алиу. Детето, кое со тешки телесни повреди беше префрлено на Детска хирургија во Скопје, по неколку дена им подлегна на повредите.

 

 

 

15.02.2017 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега