Драма во Кисела Вода: Млада девојка се обиде да се самоубие

 

Дваесет годишна девојка денеска околу пладне се обиде да си го одземе животот во скопската населба Кисела Вода, дознава Курир.

Девојката сакала да скокне од седмиот кат од зграда на улицата “Народни херои”, но била спречена од полициски екипи кои веднаш пристигнале по пријава на граѓанин.

 Во моментов со девојката, која во станот живеела како потстанар, разговараат полициски екипи.

Неофицијално девојката е од Охрид, а причина за обидот за самоубиство се проблеми во љубовта.

 

 

 

15.02.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега