Скопјанец претепан пред кафе бар
Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против Б.С 49- годишен од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда“.
На 31.01.2017 година околу 01.00 часот, на улица „Владимир Комаров“ на терасата пред влезна врата од кафе бар, пријавениот физички го нападнал С.Т 46-годишен од Скопје, удирајки го со тупаници и со нога во пределот на лицето, главата и телото. Во нападот оштетениот се здобил со тешка телесна повреда.
15.02.2017 - 14:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа