Македонската полиција ги фати - еве што имале скопјани во возилото
Вчера во 08 и 05 часот на автопатот кај граничниот премин „Табановце“- Куманово, на клучката кај село Костурник, полициски службеници забележале две возила „Пасат“ со скопски регистарски ознаки од други возилa („Застава 126“, сопственост на П.К.М. од Скопје и моторно возило „Ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 39- годишниот М.С од село Батинци, скопско) од кои излегувале девет лица-мигранти, три лица од Сирија и шест лица од Ирак.
Откако излегле мигрантите, возачите со возилата со голема брзина продолжиле кон Скопје.
По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатен центар за странци, додека семејството со две малолетни деца ќе биде сместена во куќа за ранливи категории.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и возилата и за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа