Стаменковска: ВМРО-ДПМНЕ внесе сигурност и стабилност во здравствениот систем

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет работи посветено за подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита која што ја добиваат граѓаните од ЈЗУ, велат од партијата.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од вчера е овозможена нова терапија на 6 типа на малигни заболувања која ќе може бесплатно да се добива на Клиниката за Радиотерапија и онкологија. Се работи за лекови против малигни заболувања на дојка, на бубрег и на кожа.

Овие терапии во минатото чинеа од 3.000 до 8.000 евра. Сега пациентите ќе ги добиваат бесплатно во самите клиники.

Дополнително, со мерката за намалување на цените на лековите досега опфативме над 4.800 медикаменти.

Со програмата РЕАЛНО предвидуваме уште еден значаен проект за пациентите со малигни заболувања, а тоа е проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Се предвидува изградба на уште еден спрат на објектот, со нови содржини за лекување и третман на лицата со малигни заболувања и зголемување на капацитетите за хоспитализирање за дополнителни 70 места. Инвестицијата е во вредност од 20 милиони денари.

Тоа е разликата помеѓу ВМРО и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ внесе сигурност и стабилност во здравствениот систем, а СДСМ со пари од здравството купуваше накит за партиските функционерки, предизвикуваше кризи со лекови и туркаше сомнителни тендери кои што беа наменети за стентови.

Mакедонското здравство според европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2016-та година е рангирано повисоко од голем број на развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Албанија, Бугарија, Србија, како и др.

Република Македонија е највисоко рангирана во делот на достапноста на здравствените услуги, а како и претходните години, повторно се наведени исклучително високите оценки за функционирањето на националниот електронски систем МојТермин.

Република Македонија има постигнато значителен напредок со електронскиот систем за закажување уште во 2013-та година, со кој суштински се елиминираше времето на чекање за добивање здравствените услуги, се наведува во извештајот.

Токму од аспект на малигните заболувања, за кои што зборува и СДСМ, во извештајот е евидентно дека Македонија е помеѓу најдобро рангираните држави во третманот на малигни заболувања, каде времето за добивање на терапија е пократко од 21 ден, а во Македонија е далеку помало, односно воопшто нема листа на чекање за добивање на радиотерапија за пациентите со малигни заболувања.

СДСМ не може да поднесе државата да успее во нешто. Секој успех на државата е неуспех за СДСМ. Постојано манипулира со лажни вести и платена пропаганда. Времето на платеничката пропаганда на СДСМ завршува. Доаѓа крајот на нивната пропагандна машинерија за ширење на лажни вести.

 

 

 

15.02.2017 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега