Милошоски: Можно е продолжување на преговоите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

За разлика од извори од ДУИ кои тврдат дека од ВМРО-ДПМНЕ добиле писмена понуда во преговорите за составување нова влада, Антонио Милошоски во емисијата „10 минути“, рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не праќал писмена гаранција до ДУИ, па ниту овој пат. Милошоски вели дека овие две партии се долго во коалација и секогаш се почитувал дадениот збор, затоа немало потреба од документи.Тој воедно ја отфли како неточна информацијата дека со ДУИ преговарале и по истекот на мандатот за состав на влада, но не ја отфрли можноста за идни преговори.

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сугерираат дека без нив во власта ќе има криза во Македонија. Затоа што, според Милишоски близу половина милион нивни гласачи очекуваат партијата да ги претставува. Тој додава дека ДУИ, не стоел на зборот од 2007 година кога таа партија бараше, како што рече, почитување на принципот –Влада да формира –победник со победник.

Милошоски тврди дека камен на сопнување во преговорите со ДУИ не било прашањето за СЈО, туку било барањето на ДУИ за воведување на двојзичност на цела територија на Македонија, што за ВМРО-ДПМНЕ  е не прифатливо.

 

 

 

16.02.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега