Ограбен манастир во Охрид - полицијата трага по сторителот

 

Вчера во 10.15 часот во ПС Охрид, телефонски се јавил Д.Ѓ. (48) од с.Лескоец, охридско, свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците  на манастирот.

Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување.

Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

16.02.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега