ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во пожар во Македонски Брод

Вчера околу 22.00 часот во село Локвица-Македонски Брод, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на 78- годишен С.С, во кој истиот починал, додека неговите синови 50-годишниот Л.С и 48- годишниот Т.С се здобиле со изгореници и биле пренесени во Медицински центар Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност.

Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Македондки Брод.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

 

 

 

16.02.2017 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега