Семејна драма: Маж од Тетово со тупаници ја удирал сопругата
ОКП Тетово поднесе кривична пријава против 60- годишниот И.Ш од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Вчера во полициската станица во Тетово, сопругата на пријавениот, пријавила дека подолг временски период истата била физички и психички малтретирана од страна на нејзиниот сопруг.
Пријавениот физички ја нападнал и истиот ден кога го пријавила. Истиот, по кратка вербална расправија, физички ја нападнал задавајќи и неколку удари со тупаници по телото, при што и нанел телесни повреди.
16.02.2017 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа