Вооружен грабеж во Тетово
Вчера околу 22 и 45 часот во Тетово на уллица „Маршал Тито“ во спортска обложувалница две непознати лица, од кои едното маскирано, извршиле разбојништво над вработениот.
Сторителите пред настанот биле во обложувалницата и гледале фудбал, а по затворањето излегле надвор. После пет минути се вратиле и со закана со пиштол одзеле неутврдена сума на пари, по што побегнале од местото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од секторот за нватрешни работи во Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
17.02.2017 - 13:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа