Познат идентитетот на Македонецот кој се удави во Индискиот Океан: Ангел бил припадник на АРМ

Младиот штипјанец Ангел бил дел од екипажот на брод на корејска компанија, кој го обезбедувал од пирати, објави Канал 5. Од македонското министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но сеуште нема информации како настапила смртта.

Ангел А. е починатиот македонец, граѓанин на Штип, поранешен припадник на вооружените сили на АРМ.

Во мошне кратката потврда за трагичната вест што доцна попладнево пристигна во МНР, испратена од корејската компанија ХГС Кореа, на чиј брод наменет за превоз на стоки, се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот окен во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивен вработен, инаку, еден од неколкуте Македонци кои се работно ангажирани за обезбедување на бродот од таканаречените морски пирати.

angel-1

Повеќе детали од МНР најавиле до крајот на денов или во текот на утрешниот, во зависност од тоа како ќе пристигнуваат информациите од споменатата компанија сопственик на бродот превозник.

 

 

 

17.02.2017 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега