Едно лице заврши на Ургентен: Тепачка Скопје Сити Мол
При тепачка во трговскиот центар Скопје Сити мол помеѓу малолетници настрадано е едно лице и според болнички информации лицето е префрлено во Ургентниот центар, од МВР само го потврдуваат немилиот настан и работат на расветлување на случајот, објави ТВ24.
Во трговскиот центар евидентирано е зголемен број на полиција и обезбедување. Според информациите немилиот настан се случил на терасата во Скопје Сити мол којашто се наоѓа на вториот кат.
Покрај нападот Сити мол работи без прекин, вратите се отворени за посетителите.
17.02.2017 - 23:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа