Македонската полиција пред тешка задача: Крадци избегаа со 2 милиони денари
63-годишниот Б.А. сопственик на куќа на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар, вчера пријавил дека во неговиот дом била извршена тешка кражба во периодот од 8 до 11 часот. По извршениот увид, било утврдено дека непознати лица, со насилно отварање на влезната врата, ја пребарале внатрешноста и во комода во спална соба нашле кутија во која повеќе синџирчиња, прстени, нараквици, златни пари и други скапоцености, вредни над 30 илјади евра.
Сторителите на оваа тешка кражба причиниле и дополнителна штета на влезната врата која се проценува на околу 150 илјади денари.
18.02.2017 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа