Штип: Од Фејсбук пријателство до хорор - силувана малолетничка

Го запознала на Фејсбук, се спријателиле, се сретнале и ја силувал. Овој хорор во полиција го пријавил 42-годишниот М.М. од Штип, заедно со неговата тринаесетгодишна ќерка.

Според пријавата 23-годишниот А.М. од Радовиш се сретнал со малолетничката која ја запознал преку социјалната мрежа Фејсбук и ја силувал на улицата „Сутјеска“. Кога се сретнале насилникот и рекол да влезе во неговото возило „Мерцедес“, но таа одбила. После тоа истиот физички ја нападнал удирајќи со рака во пределот на лицето, по што таа исплашена влегла во возилото. По ова се упатиле на тврдината „Исар“ каде што А.М. го извршил половото дејствие. 

По пријавување на настанот А.М. е задржан во СВР  Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

18.02.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега