Делови од човечко тело пронајдени во Македонски Брод

Во врска со пожарот во куќа во селото Локвица во Македонски Брод, вчера е завршен увидот на местото на настанот. Полицијата информира дека биле пронајдени делови од човечко тело, за кои се претпоставува дека се на 80-годишната Л.С. која за време на пожарот била во куќата, но не успеала да излезе.

Ќе бидат преземени мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Инаку, во пожарот почина и сопственикот на куќата Л.С., а неговите двајца синови се здобија со изгореници по телото.

 

 

 

18.02.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега