Малолетник прободен со нож во „Скопје Сити Мол"
Во Трговскиот Центар Сити Мол вчера се случила крвава тепачка. Полциијата денеска излезе со официјални податоци дека при расправија 18-годишниот С.С. од Кондово му нанел убодна рана со нож на задната лева страна на 16-годишен малолетник од Скопје.
Според податоците, тепачката се случила на една од терасите, а расеченото момче веднаш било пренесено на Клиниките каде му се констатирани тешки повреди.
Насилникот бил веднаш приведен, а полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.
18.02.2017 - 13:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа