Страшна несреќа во Македонија, тројца повредени: Се забил во друго возило

 

Три лица се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера попладне во 18:30 часот на регионалниот пат Струга - Дебар,  во близина на „Здружение на возачи“ на илезот од Струга.

Како што соопшти СВР - Охрид, трите лица, Б.И.(34) од Струга, како и Б.С.(38) и Н.С.(36) двајцата од струшкото село Лабуништа, со сериозни повреди се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се задржани на натамошно лекување.  

Според СВР - Охрид, во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки, „Мерцедес“, управуван од сега повредениот Б.И. и „Ауди“ управувано од Б.С. во кое, како сопатник била и тешко повредената Н.С. Незгодата настанала во момент кога возачот на „Мерцедес“, движејќи се од Дебар кон Струга, недржејќи страна на движење, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната коловозна лента и директно удрил во предниот дел на автомобилот „Ауди“ што се движел во спротивна насока.

На местото на сообраќајната незгода увид извршиле полициски екипи. 

 

 

 

18.02.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега