Бејли за Сител: Нема промени во американската политика кон Македонија

Бејли за Сител: Нема промени во американската политика кон Македонија

Нема промени во американската политика кон НАТО и Европската Унија вели во интервјуз а Сител амбасадорот на САД Џес Бејли. Вели дека ова е особено видливо по овонеделните посети на највисоки претставници на САД на Европа меѓу кои се американскиот потпретседател, Државниот секретар на САД и и Секретарот за одбрана од новата администрација на Доналд Трамп.

 

 

 

 

Бејли вели дека политиката останува иста кон целиот Западен Балкан вклучително и кон Македонија односно САД ќе продолжат со поддршка на евро-атланската интеграција на земјата.

- Како што кажавте, неделава во Брисел, Бон, Минхен, можете да ја видите администрацијата на претседателот Трамп "во полн состав" за да разговараат со бројни наши важни партнери. Го видовме Секретарот Матис кој се обрати во НАТО и порача дека е оптимист за неговата соработка со неговите колеги министри за одбрана. Порача дека НАТО е камен - темелник за САД. Тие разговараа за некои од предизвиците за Алијансата- однесувањето на Русија во Украина, на Крим, рече дека нема да ги компромитираме нашите вредности за никого, говореше за борбата со тероризмот, и генерално за обединувањето на Алијансата со цел давање придонес кон нашата заедничка одбрана. Го видовме Секретарот Тилерсон и потпретседателот во Минхен. Мислам дека ќе видите дека тие ја потенцираат нашата силна поддршка за НАТО и транс-атланските односи. Што тоа значи тука, верувам дека тоа ги интересира граѓаните? Сметам дека нашите позиции кон Западниот Балкан и особено за Македонија, на работење кон интеграцијата на Македонија во европските и евро-атлански институции останува непроменета. Јас не сум изненаден од тоа, тоа е политика која се спроведува повеќе од 20 години. Мислам дека гледаме силна афирмација на нашата верба во транс-атланските релации и потребата од тие релации во справувањето со предизвиците независно дали е тоа во однос на Русија и нејзините акции во Украина или заканите од тероризам и други предизвици, изјави Бејли за Сител.

 

 

 

 

 

18.02.2017 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа