Страшна несреќа: Прегазен пешак во тетовско

Страшна сообраќајна незгода се случила вчера во Тетово.

Првата сообраќајка се случила околу 11 часот и 50 минути на локалниот пат за Челопек кога автомобилот „Пасат“ со тетовски регистарски таблички управуван од 66-годишниот А.П. од Челопек налетал и удрил во пешакот И.И.(54) од истото село.

Пешакот се здобил со тешка телесна повреда - скршеница на левата нога по што бил префрлен во тетовската Клиничка болница, каде по укажаната помош бил задржан за лекување. 

 

 

 

 

19.02.2017 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега