Албанските партии вчера седнаа на заедничка маса - ова е епилогот

На заедничка маса вчера седнаа лидерите на Албанските партии ДУИ и Алијанса за Албанците. Третиот потписник на платформата, Беса, денеска не беше дел од преговорите кои се одржаа попладнето во Скопје.

Епилогот од средбата е албанските партии е да формираат ново тело од по двајца партиски претставници во рок од три дена, кое ќе работи на предлог закон за употреба на албанскиот јазик. Од ова барање тие нема да отстапат.

Според договореното, во новото тело кое ќе се формира треба да учествуваат по двајца членови од партиите потписнички на Платформата.

 

 

 

 

19.02.2017 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа