Пожар беснееше во куќа во Скопје

Во 09 часот и 10 минути во ЕИК Скопје, било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Димо Хаџи Димов“. 

Полицијата информира дека по излегување на местото на настанот константиран е пожар во дворот на 67-годишниот К.А. и 56-годишната К.Ѓ.  при што биле опожарени нивните две шупи кои биле една до друга.

Во пожарот изгореле кровните конструкции и разни предмети во двете шупи.

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. 

 

 

 

19.02.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега