Албанец приведен на Табановце

На Граничниот премин  „Табановце“ вчера во 20 часот и 45 минути при пасошка контрола констатирано е дека на патната исправа на 30-годишниот В.С.  од Албанија една страна била заменета со друга од друга патна исправа со цел да се отстрани забрана за влез во држава членка на Европската Унија.

Лицето е приведено и со потврда за привремено одземени предмети патната исправа му била одземена. Во 21.35 часот, со потврда за предавање лице, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

19.02.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега