Попладнево масовна тепачка на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Масовна тепачка во која учествувале неколку десетици луѓе попладнево се случила на кејот на Вардар во близина на националната Т-Арена.
Според неофицијалните информации од очевидци, тепачката избила помеѓу навивачките групи на Вардар и Шкупи, тимови кои денеска играат првенствен меч пред празни трибини со оглед на тоа дека Вардар ја издржува казната од фудбалската федерација за играње пред празен стадион.
Според неофицијалните информации, има повеќе повредени лица, а неколкумина се и приведени.
Од МВР се уште нема детални информации.

 

 

 

19.02.2017 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега