ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ е дувло и синоним за криминалот

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално. 

Интегрално соопштението на ВМРО - ДПМНЕ

 

  Криминалците во врвот на СДСМ не сакаат граѓаните да ја знаат вистината. Мислат дека така ќе го сокријат криминалот и ќе ја избегнат правдата. Затоа криминалците во врвот на СДСМ наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари кои не се под контрола на СДСМ/Сорос.

   Нападната беше новинарката на ТВ Сител, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на Република, а беа демолирани и просториите на Радио Слободна Македонија. На редакцијата на Курир активисти на СДСМ им се закануваа со смрт со влечкање по улици.

   Зоран Заев неколку медиуми кои не ги спорведуваат неговите наредби ги нарече свој најголем политички непријател и ги изложи на јавен линч.

     Ниту ЗНМ ниту Соросовите невладини не реагираа кога беа напаѓани физички и со напади по живот оние новинари кои не ги исполнуваат нарачките на Бихаќка. Со молк ја одобруваат агресијата кон новинарите. Тие се очигледно соработици во криминалот на СДСМ.

 

    Поради ваквото агресивно однесување против фактите и вистината, резултатот на СДСМ во изминатите 10 изборни циклуси е пораз со 10:0 од граѓаните на Република Македонија. Народот не сака криминалци и медиуми кои штитат криминалци.

 

 

 

20.02.2017 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа