Трагедија во Македонија: Работник го нашол колегата мртов на подот

Трагедија се случи во текот на вчерашниот ден во Македонија, кога во 07 часот  во селото Меџитлија, во фабрика за производство на јаглерод диоксид, на подот во внатрешноста пронајден бил починат 47-годишниот Б.Р. од Битола, вработен како оператор во фабриката.

Полицијата информира дека откако го забележал, друг вработен  го извлекол Б.Р. надвор од халата и се обидел да го реанимира со масажа на срцето и со боца со кислород. 

Веднаш потоа повикал Итна медицинска помош од чија страна е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот е префрлено во Клиничка болница  Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола. За настанот е запознаен трудов инспектор.

 

 

 

20.02.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега