Прилепчанец дивеел цела ноќ - полицијата едвај го привела
Вчера околу 19.00 часот во Прилеп, полициски службеник, кој работел на обезбедување на место на сообраќајна незгода, пријавил дека вербално и физички бил нападнат од Т.Ј, еден од учесниците во истата. Т.Ј. упатувал пцовки, вулгарни зборови и закани по полицискиот службеник и неговото семејство.
Кога пристигнала групата за интервенција Т.Ј. бил лишен од слобода и однесен во Итна медицинска помош Прилеп за да му се земе крв за анализа.
По пристигнувањето Т.Ј. продолжил со вербални закани и навреди, а успеал и да го изгребе за десната рака. Т.Ј. продолжил со делото во просториите на полициската станица во Прилеп.
По целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа