СДСМ и ДУИ се договараат - и денарот ќе стане двојзаичен

ДУИ барала и денарот да стане двојазичен, објавува 24 вести повикувајќи се на партиски извори.  Според информациите кои ги објави телевизијата СДСМ и ДУИ се уште преговараат за Законот за албанскиот јазик но се уште нема детали за тоа кога може да се очекува евентуален договор.
Телевизијата повикувајќи се на извори во ДУИ објави дека во Мала Речица сметаат дека се блиску до договор.
Во СДСМ биле воздржани без расположение да коментираат детали од договорот со ДУИ.

 

поред брифинзите од ДУИ, Ахмети со законот планира унапредување во користењето на албанскиот јазик  во комуникацијата на граѓаните со органите на државната управа, се унапредува и користењето на албанскиот јaзик во судовите, како и во владата, каде документите од седниците треба да бидат двојазични, а министрите да можат да зборуваат на албански јазик. Во однoс на Собранието, од ДУИ велат дека се допрецизирала употребата која досега не се почитувала, особено во делот на  водење на седниците, според истите информации ДУИ барала и денарот да биде двојазичен.

 

 

 

20.02.2017 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа