Телото на Села се распадна: Беса нема да седне на иста маса со ДУИ

Иако партиите на Албанците делуваат сплотено, сепак односите им се нарушени. Беса, ДУИ и Алијансата за Албанците се искараа, па во саботата лидерот на Движењето за реформи - ДПА, Зијадин Села, рече дека е договорено да се формира тело кое ќе треба да подготви предлог-закон за употреба на албанскиот јазик. Во рок од три дена требаше партиите да назначат по двајца претставници кои требаше да работат на првичната верзија. Сепак, од тоа нема да има ништо бидејќи Беса не сака да седи на иста маса со ДУИ. Оттаму велат дека ДУИ се обидува да си го присвои значењето на платформата и дека нема да прифаќаат состаноци на кои присуствува Али Ахмети, пренесе Телеграф.

- Тие што беа главни виновници што на Беса ѝ се одзедоа два пратеника и се дадоа на ВМРО немаат веќе легитимитет да ги застапуваат Албанците ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија - велат од Беса.

Беса одбива средби со ДУИ бидејќи се осоколени од добриот резултат на парламентарните избори на кои освоија пет пратеници, што е одличен резултат за новоформирана партија.

 

 

 

21.02.2017 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа