Кадриу: СДСМ и ДУИ не се согласуваат за неколку точки од законот

Универзитетскиот професор Осман Кадриу во емисијата 10 минути на ТВ 21, синоќа откри детали за нацрт законот за албански јазик, кој е услов ДУИ да ги даде своите потписи за лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот за формирање на влада. 

Албанските партии го консулитрале за нацрт законот кој ДУИ го испрати до СДСМ. 

Кадриу вели дека дел од тие барања излегуваат од Уставот и нагласува дека треба да се прави разлика помеѓу прашања кои може да се уредат со закон од минимум 61 пратеник во Собранието и прашања кои не што не треба да се уредат, туку прашања кои прво треба да се уредат со Уставот.

– Се бара да се нагласи со една реченица како што има и во други правни системи, на целата територија на Македонија службени јазици се македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и албанскиот јазик и неговото писм -, вели Кадриу.

Тој нагласува дека има одредени прашања за кои има согласност помеѓу двата блока.

– Се предлага претседавачот на Собранието ако е Албанец, да може да говори на албански јазик и да раководи со пленарна седница на албански јазик. Втора новина, се предлага членовите во Владата кои се Албанци да можат да говорат на својот јазик. Ако и претседавачот на седницата на Владата биде Албанец, тој да раководи на седницата на својот јазик - открива  Кадриу.

Најпроблематично прашање, според професорот, е предлогот и во постапките во судската власт да се овозможи постапката да се води на албански јазик.

Како што објавија дел од медиумите, Албанците бараат и двојазчни денари.

 

 

 

 

21.02.2017 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега