Кржаловски: СДСМ со своето неодговорно однесување ги опструира многуте проекти кои што се во интерес на граѓаните

Интегрален текст од прес-конференцијата на Лука Кржаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со своето неодговорно однесување ги опструира многуте проекти кои што се во интерес на граѓаните.

Еден од проектите кој требаше да отпочне во 2017-тата година е проектот „За рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“.

Со овој проект треба да се реши статусот на повеќе од 320 компании чии имоти пропаднаа во транзицијата создадена и спроведена од СДСМ.

Преку законските измени кои што се предвидуваа треба да им се овозможи на идните купувачи на имотот од друштвата да ги рестартираат и да ги стават во функција за вршење на стопанска дејност.

За овој процес предвидено е да се понуди државна помош со цел креирање на што е можно повеќе работни места, со акцент на ангажирање на поранешни вработени – стечајци.

За креирање на секое работно место предвидено е државна помош од 2.000 евра, а за ангажирање на стечајни работници 4.000 евра под услов да се задржат на работа минимум 5 години. Дополнително пакетот мерки,
предвидува и готовински грант во изност од 10% од инвестираната вредност за адаптација, реконструкција и набавка на опрема.

Исто така се предвидува ослободување на плаќање данок на добивка во рок од 2 години, а персонален данок и социјални придонеси во рок од 3 години доколу вработените лица ги задржи најмалку уште 3 години.

Со овој проект и низата други бенефиции кои инвеститорите во стопанските капацитети – жртви на транзицијата ќе ги добиваат ќе овозможат да се исправи една социјална и историска неправда која што над 200.000 работници ја доживееја во време на владеењето на СДСМ.

СДСМ веќе две ипол години ја држи Македонија во заложништво, а со тоа ги кочи процесите за стопански и економски развој на државата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и покрај бројните опструкции да работи во интерес на македонските работници и македонското стопанство, а со тоа да придонесува во унапредувањето на стандардот на граѓаните, но пред се
во намалувањето на невработеноста.

Благодарение на досегашните позитивни економски политики, стапката на невработеност од катастрофалните 39% во време на СДСМ, се намали на рекордно ниски 23,4%. Односно се отворија над 170.000 нови работни
места. ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа и го реализира.

 

 

 

21.02.2017 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега