Могерини во март во Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на почетокот на идниот месец ќе оствари мини-турнеја низ балканските држави, при што ќе ја посети и Република Македонија, известија од кабинетот на Могерини.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од 1 до 4 март, Италијанката на чело на европската безбедносна и надворешна политика ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија.
 
Во пресрет на оваа посета, високата претставничка на ЕУ изјави дека оваа нејзина мини-турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.
 
- За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст, порачува Могерини.
 
За време на посетата на регионот,  планирано е Могерини да се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, но и со претставници на политичките партии и на парламентите. Таа ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ за оваа посета на Советот за надворешни работи идниот месец. 
 

 

 

22.02.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега