ДУИ ги зголеми барањата: Двојазични пари и ознаки на албански на АРМ

ДУИ во преговорите за давање потписи за формирање влада постојано ги зголемува своите барања, а најновото како што дознава Телеграф е банкнотите да бидат двојазични и да има и други измени.

ДУИ бара денарите освен на македонски, да бидат испишани и на албански јазик. Онаму каде што стои сумата од, да речеме сто денари, напишана на македонски, да биде напишана и на албански јазик. Исто така, се бара мотивите на банкнотите да бидат од албанската историја и од нивни значајни личности, пишува Телеграф. Се бара и таблите на Граничните Премини да бидат двојазични, како и амблемите на полицијата и на Армијата, како и командите, да бидат двојазични.

Засега информации дали овие барања се прифатливи за СДСМ, нема. 

Лидерот на СДСМ синоќа првпат ја спомена можноста да не ги добие потребните потписи и дека не е подготвен да се чепка во Уставот.

 

 

 

22.02.2017 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега