ФОТО: Ова е убиецот од Охрид

 

Македонската полиција го откри идентитетот на убиецот на 67-годишната охриѓанка Спаса Бојоска.Станува збор за  Ј.К од Куманово кој живеел на вториот кат.  Соседите велат дека синоќа биле повикани повеќе луѓе на распит, но најсомнителен бил соседот од вториот кат. Тој е на возраст од 40 до 50 години и бил по потекло од Куманово.

Еден повозрасен жител на „Галичица“ изјавил дека во блиската самопослуга пред неколку дена нивниот сосед Ј.К. од Куманово, кој живеел во зградата им се заканувал на вработените одземајќи им 1000 денари. Според помлад станар на зградата, тој покажувал повремено агресивно однесување и не бил пријатен за соседството. Според него, тој се почесто започнал да ја посетува Спаса и дека повеќе пати од неа барал пари на заем. Веројатно завчера повторно отишол кај неа по пари и најверојатно и побарал поголема сума, знаејќи дека прима германска пензија, а има и син во Германија. Младиот сосед на Спаса вели дека најверојатно таа одбила да му даде пари по што Ј.К. ја убил.

 

 

 

22.02.2017 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега