Крвава тепачка во Тетово: Татко и син дивееле со палки

 

Вистинска драма се одвивала во 12 часот и 30 минути во текот на вчерашниот ден во Тетово.

Полицијата информира дека 52-годишниот Љ.А. од селото Мала Речица, тетовско, пријавил дека на улицата „Илинденска“, С.С. (52) и неговиот син С.Х. (23), двајцата од селото, физички го нападнале. Насилниците го удирале со тупаници во пределот на главата и телото, а во еден момент С.С. со метална шипка го удрил во пределот на левата страна од лицето нанесувајќи му видлива повреда.

Истите му упатиле и закани по живот на него и неговото семејство, по што побегнале од местото на тепачката.

Причина за хоророт е тоа што С.С. и С.Х. во изминатиот период без никаков основ му барале парични средства, кои тој не им ги дал, по што пред околу два месеци физички го нападнале. Овој случај Љ.А. го пријавил во полиција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

23.02.2017 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега