Драма во полиција во Штип: "Дајте ми дрога или се ќе искршам"

 

Вчера околу 01 и 20 часот во просториите на Секторот за внатрешни работи во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, бил задржан 20- годишниот Л.А.познат наркозависник, од Штип.

Истиот ден околу 18 и 50 часот Л.А. по мегафон инсталиран во просторијата за задржување се јавил во дежурната служба и пријавил дека поради потреба за наркотични средства ќе го искрши стаклото од прозорот за осветлување во просторијата.

Полициски службеници веднаш се упатиле во просторијата каде истиот почнал да го крши стаклото.

Тој бил спречен во извршување на понатамошни дејствија.

Кај лицето не се забележани повреди и не барал лекарска помош.

 

 

 

23.02.2017 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега