Притвор за убиецот на охриѓанката: Го испланирал секој детаљ, убиството како на филм
37-годишниот Ј.К. од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид, заработи кривична за убиството кое го изврши, а кое ја потресе цела Македонија. Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје.
-На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути убиецот заѕвонил на станот од неговата сосетка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Претходно се осигурал дека таа е сама во станот и подготвувајќи се да го изврши кривичното дело, земал една водоводна цевка и ставил бели хируршки ракавици на рацете. Објаснувајќи и на сосетката дека сака да го погледне распоредот на станот, сега починатата му дозволила влез на Ј.К. и незабележувајќи дека има ракавици и водоводна цевка, од ходникот на станот се упатила кон дневната соба. Тогаш тој од зад грб, со водоводната цевка и задал неколку силни удари во пределот на главата и вратот по што таа паднала на подот. Веднаш потоа, Ј.К. започнал да пребарува низ собите, пронашол и одзел еден мобилен телефон и паричник со 3.200 денари во разни апоени, информираат од СВР Охрид.
Пред да го напушти станот, забележувајќи знаци на живот кај сосетката и плашејќи се дека ќе биде кажан и откриен, Ј.К. се вратил во кујната и пронашол нож со должина од околу 30 сантиметри со кој и задал неколку удари во пределот на вратот и ја усмртил. Потоа го напуштил станот заклучувајќи го со клучот од влезната врата и се упатил во казино.
-Со цел расчистување на казнено правниот настан, СВР Охрид во координација со Јавниот обвинител, презеде низа мерки за обезбедување траги и доказен материјал, извршен е криминалистичко-технички увид на местото на настанот, извршени се претреси, анкети со граѓани како и други оперативно тактички мерки, стои во соопштението од охридската полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа