ТМРО: СДСМ нема легитимитет за промена на банкнотите - народот ќе одговори масовно и жестоко

Од ТМРО денеска реагираат на договорот за промена на банкнотите и монетите на Албански јазик. 
 
- СДСМ нема легитимитет да договара промена на банкнотите и монетите и нивна замена со нови, испишани двојазично, односно и на Албански јазик. Ја повикуваме СДСМ , да ја потврди или негира  синоќешната изјава на  Бујар Османи дека е постигнат договор за двојазични банкноти, стои во соопштението од партијата.
 
Од ТМРО велат дека секој обид за промена на идентитетот на Македонската држава без мандат а таков СДСМ нема, ќе доведе до масовна  и неконтролирана реакција на Македонскиот народ и спречување  со сите средства на било какво редефинирање со кое се урива унитарниот карактер на Македонската држава.
ТМРО ги повикува Јавното Обвинителство и претседателот Ѓорѓе Иванов согласно законските овластувања да го спречат уривањето на унитарниот карактер на Република Македонија.
 

 

 

24.02.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега