Полицијата интензивно ги бара: Две лица пријавени за исчезнати
Две лица се пријавени за исчезнати во македонската полциија, едното од Куманово, другото од Скопје.
Полциијата информира дека во 18 часот и 10 минути во Полициската станица Гази Баба се јавила 52-годишната С.А од Скопје и пријавила дека од дома во 8 часот и 30 минути во непознат правец се одалечил нејзиниот 63-годишен сопруг.
Се работи за Ѓ.А. по кој полциијата интензивно трага.
Исто така, во 18 часот во Полицијата Петровец се јавил 67-годишниот С.С. од Велес и пријавил дека на 20. месецов од дома во непознат правец околу 11 часот се оддалечил неговиот брат.
Се работи за 61-годишниот Ј.С. од Велес.
Полциијата трага по лицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа