ДУИ: Далеку сме од одлука за коалиција со СДСМ

Шест ипол часа дебата на членовите на ЦП на ДУИ, околу двете главни дилеми кои што им се маса, дали Ахмети и ДУИ ќе учествуваат во владата или пак ќе бидат опозиција што ќе ја подржува владата како малцинска особено за законите кои произлегоа од преговорите помеѓу ДУИ и СДСМ, односно за инсталирање на двојазичност на цела територија.

Состанокот е зад затворени врати и многу малку се дознаваат информации. Дел од аргументите на членовите кои се за ДУИ да влезе во власта, предупредиле дека состанувањето на ДУИ во опозиција, може да значи институционална криза, а ДУИ треба да учествува во владата.

Дел од аргументите на оние кои се за опозиција, сметаат дека Ахмети ќе го зачува принципот „победник со победник“ ако оди во опозиција.

Партијата е далеку од одлука како што потврди Бујар Османи кој вели дека сите варијанти се анализираат. На маса биле ставени и локалните избори коишто наскоро треба да се распишат доколку се одржат во мај годинава и како ДУИ ќе извлече повеќе од нив, како поддржувач на новата влада или како опозиција. Дебатата ќе трае и викендот и конечната одлука ја најави за в понеделник

 

 

 

 

 

24.02.2017 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега