ТРАГЕДИЈА: Тешка сообраќајка во Скопје- загина едно лице
Вчера во 09 и 05 часот на локалниот пат село Марино-Миладиновци, во близина на крстосницата со локалниот пат за село Кадино-Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот С.С. од село Миладиновци-Скопје, и моторно возило „Фиат Браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 37- годишниот Д.П.од Кичево.
Во незгодата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починал возачот на моторното возило „Голф“-С.С., додека возачот на возилото „Фиат“ Д.П. и сопатникот од истото возило 32-годишниот В.Ј. од Струмица, се пренесни во ургентниот центар -Скопје, каде кај Д.П. се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, додека В.Ј. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.Увид на местото на настанот извршиле јавно обвинителство и екипа од секторот за внатрешни работи -Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа